Скандал во соблекувалната на Баерн: Мане и Сане се степале по поразот од Манчестер Сити?

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Баерн Минхен е пред елиминација од Лигата на шампионите откако во вчерашниот натпревар баварците беа поразени од Манчестер Сити со 3:0.

Германските медиуми пишуваат дека овој пораз на баварците бил причина за бурна реакција на одредени фудбалери во соблекувалната. Имено, германскиот „Билд“ објави дека Садио Мане и Лерој Сане се степале во соблекувалната.

Останатите соиграчи брзо реагирале и ги раздвоија Сане и Мане, а еден од нив двајца ја напуштил собелкувалната за расправијата да не продолжи.

Причина за расправијата била недоразбирање на теренот. Сенегалецот и Германецот имале едно недоразбирање кон крајот на натпреварот, а Сане почнал да го критикува Мане кој му возвратил, па сето тоа продолжило во соблекувалната.

За голем дел од јавноста чудно е што токму Мане е дел од скандалот затоа што Германецот важи за еден од најмирните фудбалери кој скоро и да нема „црна дамка“ во својата професионална кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот