Ситуацијата во Мадрид загрижувачка, расте бројот на новозаразени со ковид-19

Градинка/ Фото EPA-EFE/David Fernandez

Во последните 24 часа, коронавирусот бил дијагностициран кај 1207 жители на главниот град.

Некои делови од Мадрид повторно ќе бидат затворени од следниот викенд, бидејќи последниве денови нагло се зголеми бројот на заразени со коронавирус, соопшти регионалната влада на Мадрид.

Ситуацијата во Мадрид е особено загрижувачка бидејќи во главниот град на Шпанија има 40 проценти од вкупниот број нови случаи. Во последните 24 часа, коронавирусот бил дијагностициран кај 1207 жители на главниот град.

Ученици на првиот училишен ден во Мадрид, Шпанија, 08 септември 2020/ Фото: EPA-EFE/JJ Guillen

Таму има 23 жаришта на вирусот, а откако основните училишта повторно се отворија минатата недела и средните училишта оваа недела, ризикот од ширење на вирусот е зголемен.

Во Мадрид жителите се движат со маски на лицето, кои задолжително ги носат на сите места. Последните денови имало поголема гужва на улиците и во сообраќајот, бидејќи дел од населението се врати во своите домови после летните одмори.

Родители со своите деца на првиот училишен ден во Мадрид, Шпанија/ Фото: ЕPA-EFE/JJ Guillen

Шпанија е меѓу најсилно погодените од коронавирус во Европа. Во последните шест месеци се заразени повеќе од 600 000 жители, а повеќе од 30 000 починале. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот