Сите во ФК Шкендија негативни на Ковид-19

фото: инстаграм

Добри вести се објавени од страна на тетовскиот прволигаш кој веќе ги насочува погледите кон новата натпреварувачка сезона.

Денеска фудбалската екипа на Шкендија ја информираше јавноста дека играчите, стручниот штаб и сите останати вработени во клубот имаат негативни тестови на Ковид-19.

После враќањето од Маврово, „црвено-црните“ предводени од тренерот Ернест Ѓока ги продолжуваат тренинзите во Тетово.

Шкендија го заврши еднонеделниот престој во Маврово и по слободниот ден, фудбалерите од вторник ги продолжија тренинзите во Тетово.

Во меѓувреме, по препораките на здравствениот протокол на ФФМ за одржување на тренинзи и натпревари, сите играчи, стручниот штаб и вработените во клубот имаа тестови за Ковид-19.

Резултатите покажаа се тестовите се негативни, па така тимот целосно може да ги продолжи предвидените активности за следниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот