Сите кумановци ќе можат бесплатно да користат општински линиски превоз

Куманово-превоз Фото: МИА
Куманово-превоз Фото: МИА

Општина Куманово на официјалната веб страница ги објави интерактивните мапи на линиите за бесплатниот градски превоз.

– Во продолжение се интерактивни мапи за сите линии, на коишто можете да ги видите сите постојки за секоја линија поединечно, за поаѓање и враќање, како и времето на доаѓање на автобусот за секоја постојка посебно. Упатство за користење на мапите е достапно https://kumanovo.gov.mk/besplaten-javen-prevoz-mapa-na-linii/Времето на поминување на автобусите на постојките зависи од повеќе надворешни фактори во сообраќајот – информираа од општина Куманово.

Согласно Одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово, донесена на седница на Советот на предлог на градоначалникот Максим Димитриевски, сите граѓани ќе можат бесплатно да користат општински линиски превоз до 30-ти јуни годинава, на сите линии согласно утврдените возни редови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот