Сиромаштијата ги принуди да бидат вегетаријанци – месото во Пакистан сега е ексклузива за богатите

Фото: Профимедиа/Илустрација

Раџа Ајуб е сопственик на еден ресторан во Исламабад и секој ден оди до околните продавници и купува зеленчук. Овој 55-годишник веќе десет години има сопствен угостителски објект, но сега го загрижува најновиот тренд – во Пакистан расте бројката на вегетарјанци, објави „Дојче веле“.

Ајуб веќе бил принуден да го промени менито во својот ресторан.

– Не знам што се случи со Пакистанците. Потрошувачката на месо значително опадна, а сега е пониска отколку било кога порано – вели тој за „Дојче веле“.

Пакистанците ги бие глас како големи љубители на место, особено говедско, овчо и пилешко на скара – сѐ добро зачинето со традиционалниот зачин кари. Меѓутоа, резултатите од истражувањето на агенцијата Еуромонитор покажуваат дека во Пакистан, земја со 208 милиони жители, само во текот на 2016 и 2017 година околу 1,2 милиони луѓе започнале да практикуваат само вегетарјанска исхрана. Сега земјата е на второ место по растот на бројката на вегетарјанци во светот.

Денес, трендот е уште поприсутен. Продавницата од која Ајуб купува зеленчук од почетокот до крајот на денот е полна со купувачи. Сопственикот Рехан Аван забележал оти побарувачката е во пораст и вели дека му е тешко да се справи со работата.

– Секое утро носиме многу зеленчук и многу често се случува свежиот зеленчук неверојатно брзо да го снема од полиците – вели Аван. Продавницата морала да вработи три нови продавачи за да ги услужи купувачите.

Месо еднаш месечно

Многу луѓе велат дека вегетарјанскиот начин на живот не по избор, туку поради недостаток на пари, бидејќи големи делови од работничката и средната класа немаат доволно пари за да купат месо.

Шаназ Бегум, 40-годишна хигиеничарка, вели за „Дојче веле“ дека е загрижена од растот на цените на месото. Таа заработува повеќе во однос на минатата година, но поради инфлацијата има проблем да го нахрани осумчленото семејство.

– Јадевме месо пет пати месечно минатата година, но сега откако на власт дојде премиерот Имран Кан, многу размислуваме дали ќе можеме или не да јадеме месо еднаш месечно. Дури и цените на зеленчукот се за двапати поголеми откако владата на Кан е на власт – вели хигиеничарката.

Личен или принуден избор?

Економскиот аналитичар Шабаз Рана вели дека луѓето морале да ги променат своите навики.

– Пакистанските рупи загубија околу една третина од својата вредност во однос на американскиот долар во последната година и поради тоа цените значително пораснаа. Пакистанците можби се вртат кон зеленчукот за да го подобрат своето здравје, тоа е повеќе поради фактот што не можат да си дозволат да купат месо. Цените на црвеното месо и на пилешкото значително пораснаа и нема попис со кој би се држеле под контрола – вели Рана.

Тој додава дека економската ситуација во Пакистан е многу тешка и дека иако следните две години официјално се прогласени за години за економска стабилизација, шансите за подобрување на ситуацијата се многу ниски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот