Синот на Бали-бег ја украде славата на неговите познати родители! (ФОТО)

Profimedia

Популарниот актерски пар Бурак Озџевит (Бали-бег) и Фахрие Евџан (Неџла) станаа родители на момчето кое го нарекоа Каран, а во најубавата животна улога одлично се снаоѓаат. Уште пред раѓањето на Каран, Бурак и Фахрие се погрижија нивниот наследник да биде потполно материјално обезбеден, така што му отвориле сметка на која за почеток ставиле околу 300.000 евра.

Instagram

Тие двајца скоро никогаш не го експонираат својот првенец, но сега имаме прилика да видиме како изгледа синот на најубавиот турски пар!

Неговата мајка Фахрие со една фотографија откри дека момчето е преслатко, а многумина се согласуваат во едно нешто – пресликан татко му.

https://www.instagram.com/p/B6C7SP4gDWQ/

Некои отишле до тој степен што сега прогнозираат дека ќе биде поубав од својот славен татко, а познато е дека прочуениот Бали-бег важи за еден од најубавите и најпосакуваните актери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот