Синер победи, па се повлече поради скандалозниот распоред на Мастерсот во Париз

EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Критики го поплавија одрганизаторот на Мастерсот во Париз, за лошиот распоред, откако Италијанецот го заврши мечот од 16-финалето во три утрово, а следниот меч му беше закажан за 17 часот ова попладне?! Синер од исцрпеност се повлече

Јаник Синер е една од најголемите тениски надежи во светот, а организаторите на Мастерсот во Париз го третираат крајно нехумано. Според некои медиуми, тоа e скандал, лудило, срамота.

Италијанецот победи во мечот со Мекензи Мекдоналд, што заврши денеска рано наутро малку пред три часот. Иако се пласира во следната рунда, Синер се повлече затоа што организаторот му го закажа следниот меч за денеска во 17 часот попладне, оставјаќи му само неколку часа да закрепне од претходните напори.

Едноставно четвртиот тенисер на светот не можеше да издржи физички.

Поради ваквиот третман на Синер, вистинска поплава од критики следуваше од сите страни. Еден од најжестоките беше Каспер Руд, колега на Јаник.

– Браво АТП. Каков начин да ми се помогне на еден од најдобрите играчи на светот да закрепне и да биде најдобро можно подготвен кога мечот го заврши во 2,37 наутро и има 14,5 часа за одмор – се јави Руд на социјалните мрежи.

Критики на сметка на организаторот следуваа од многу страни. Тенисерите на крајот на сезоната се исложени на големи напори со тоа што мораат да играат доцна во ноќта, а потоа немат доволно време за одмор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот