Фото: EPA/ALEX PLAVEVSKI

Синер го шокира Ѓоковиќ и си закажа финале во Ријад

Јаник Синер го совлада Новак Ѓоковиќ со убедливи 2-0 во сетови, обезбедувајќи финале против Карлос Алкараз на егзибицискиот турнир во Ријад.

Синер го совлада Новак Ѓоковиќ со изненадувачки убедлив резултат од 2-0 во сетови (6-4, 6-2), прикажувајќи ретко видена доминација против најтрофејниот тенисер.

Србинот прв го загуби сервисот во третиот гем, што Синер веднаш го искористи за да поведе. Со сигурна игра на свој сервис и агресивен настап, Италијанецот го доби првиот сет со 6-4, а во вториот целосно го наметна темпото, не дозволувајќи му на Ѓоковиќ да се врати во мечот.

И Алкараз претходно лесно го мина полуфиналето, совладувајќи го Тејлор Фриц со идентичен резултат (6-4, 6-2), така што финалето ќе донесе ново големо соочување меѓу две од најголемите млади ѕвезди во тенисот.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот