Симовски: Овој попис и методологијата се во согласност со европските стандарди

Апостол Симовски
Апостол Симовски /Фото: МИА

Апостол Симовски, директор на Завод за статистика смета дека постојаното тврдење на опозицијата дека овој попис, закон и методологија не се во согласност со европските стандарди, паднало во вода минатата недела кога Евростат со јавна изјава на нивниот портпарол ги демантирал и потенцирал дека дека законот и методологијата се целосно усогласени со меѓународните стандарди.

Затоа, рече Симовски, не сакам повеќе да навлегувам во расправи кои се движат насока дека пописот не е согласно меѓународните стандарди и оти поради тоа остава простор за манипулација.

Тој во емисијата „24 Анализа“ говореше и за попишувањето на дијаспората, кое е овозможено на овој попис.

Нашата земја, рече Симовски, има голем проблем со одлив на граѓани и поради тоа мислиме дека иселениците треба да се попишат.

– Затоа сакаме во нашата земја да креираме политики тој одлив да се сопре да се створат подобри услови за да нема желба да се емигрира, и зошто да не да се створат услови дел од популацијата која емигрирала да почне да се враќа, рече Симовски.

Денеска почна првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците.

Симовски истакна дека утре ќе има официјален податок колку лица се попишани во текот на денешниот ден. Утре, како што појасни, треба да бидат усвоени и здравствените протоколи согласно кои ќе се спроведе целосниот процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот