Силјановска: Како претседател ќе ги применувам Договорот од Преспа и новото уставно име

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во вечерашната дебата на Телма на прашањето дали ќе го применува Договорот од Преспа и ќе го употребува новото име, одговори потврдно.

-Се разбира, бидејќи тој стана дел од Уставот. Но, во примената има разлика. Ќе ги почитувам натписите на името на државата на институциите. Да, ќе го применувам, но како индивидуа ќе го одбегнувам називот Северна Македонија. Впрочем, и во членот 7, став 2  стои дека е дозволена употребата на придавката „македонско“, рече Силјановска Давкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот