Силен ЗЕМЈОТРЕС во кинеската провинција Сечуан: Деветмина повредени, четири лица во критична состојба (ВИДЕО)

земјотрес / илустрација

Најмалку девет лица се повредени денеска во земјотрес со јачина од 5,2 степени што го погоди градот Нанџијанг во кинеската провинција Сечуан, јавуваат кинеските медиуми.

Земјотресот е регистриран во 8.14 часот по локално време. Четири повредени лица се во критична состојба, соопштија локалните власти.

Земјотресот уништи 20 куќи, додека 11.968 домаќинства се без струја.

Повеќе од 2.000 луѓе, вклучувајќи полиција, служби за вонредни ситуации, пожарникари, учествуваат во спасувачката акција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот