Силен земјотрес во Јапонија, постои опасност од нови потреси и свлечишта

Земјотрес /Фото: МИА

Земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер денеска го погоди североисточниот дел од Јапнија, а потресот се почувствувал и во Токио, оддалечен 400 километри.

Досега не е издадено предупредување за цунами по земјотресот, кој се почувствува околу 10:00 часот по јапонско време, крај брегот на префектурата Мијаги, на длабочина од 51 километар, објави јапонската Агенција за метеорологија.

Нема извештаи за повредени, но се стравува од нови потреси, свлечишта и одрони.

Токиската електродистрибуција објави дека нема никаква штета на нуклеарната централа Фукушима Даичи, која беше оштетена по силниот земјотрес и цунамито во североисточна Јапонија во март 2011 година, и е оддалечена околу 105 километри од епицентарот на денешниот земјотрес.

Не се забележани проблеми ниту поблиску до епицентарот во нуклеарната централа Онагава.

Јапонскиот брз воз беше суспендиран низ цела северна Јапонија на неколку часа.

Брегот на североисточна Јапонија беше погоден од повеќе земјотреси во последните месеци, вклучувајќи земјотрес со магнитуда од 7,2 степени во март и уште еден со слична јачина во февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот