Сијарто: Нема потреба да зборуваме за Груевски, не се мешаме во судството

Груевски по правосилноста на пресудата за предметот „Тенк“ избега во Унгарија каде побара и доби азил. / Фото: Слободен печат

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска во Скопје го повтори ставот на официјална Будумпешта за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Сијарто на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин, министерот Бујар Османи кажа дека унгарското Министерство за надворешни работи не може да се меша во работата на тамошното правосудство.

-Ако има некои правни постапки околу тоа, тоа не е прашање на надворешната политика. Ние не можеме да се мешаме во судските постапки и затоа не зборувавме за тоа конкретно прашање на денешниот состанок и сметам дека не е неопходно да зборуваме за него, изјави Сијарто, одговарајќи на прашањето каква слика остава Унгарија како европска држава со оглед дека 4 години ги одбива барањата за екстрадиција на Груевски.

Министерот Османи само го потврди ставот дека „тоа не е прашање на надворешнополитичката комуникација“, туку на судските органи и Министерствата за правда на двете земји кои што си комуницираат.

– Јас останувам на ставот дека експремиерот Груевски треба да биде во земјава и да се соочи со правдата тука. Не е во интерес на ниту една земја, поранешен премиер да биде во егзил, рече Османи на заедничката прес-конференција.

И Лога бара екстрадиција на експремиерот, за Груевски подготвена е „хашката ќелија“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот