„Си-ен-ен“: Украина распоредила агенти низ Русија и им дала дронови за да организираат напади

Украина / Фото Слободен печат

Украина распоредила мрежа на агенти и симпатизери во Русија кои работат на извршување акти на саботажа против руски цели и почна да им обезбедува беспилотни летала за да организираат напади, изјавија за американски „Си-Ен-Ен“ неколку извори запознаени со американското разузнавање за ова прашање.

Американските официјални лица веруваат дека овие проукраински агенти во Русија извршиле напад со дронови, чија цел бил Кремљ на почетокот на мај, лансирајќи беспилотни летала од внатрешноста на Русија, наместо тоа да го извршат од Украина.

Не е јасно дали други напади со беспилотни летала извршени во последниве денови – вклучително и оној насочен кон станбена населба во близина на Москва и оној врз нафтените рафинерии во јужна Русија – биле исто така извршени од внатрешноста на Русија или спроведени од оваа мрежа на проукраински оперативци.

Но, американските власти веруваат дека Украина развила диверзантски ќелии во Русија составени од мешавина на проукраински симпатизери и оперативци добро обучени за овој вид на војување. Се верува дека Украина им обезбедила беспилотни летала од украинско производство, а двајца американски функционери изјавија за „Си-Ен-Ен“ дека нема докази дека некој од нападите со беспилотни летала бил извршен со помош на дронови обезбедени од САД.

Официјалните лица не кажале со сигурност како Украина успеала да ги добие беспилотните летала зад непријателските линии, но два од изворите изјавија за „Си-Ен-Ен“ дека воспоставила добро практикувани шверцерски рути кои би можеле да се користат за испраќање дронови или компоненти на дронови во Русија, каде што потоа би можеле да бидат склопени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот