Шврговски: Казната за Мијалков е драконска, ќе се жалиме и за пресудата и за притворот

Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски смета дека казната за неговиот клинетот е драконска. Најави дека ќе се жалат кога ќе ја добијат пресудата, како и на решението за затворски притвор.

-Сметам дека казната е драконска. Да се даде максимум за секое поединечно кривично дело каде што е поднесен обвинителен предлог навистина е правен преседан. Нема да најдете во аналите на правосудството ниедна пресуда каде што за обвинителен предлог е дадена максимална казна затвор, изјави Шврговски денеска пред Кривичниот суд по објавата на пресудата за „Таргет-Тврдина”.

Во однос на одлуката на Судот за притворот, вели дека е спротивнa од законот, бидејќи при определена мерка домашен притвор, без притоа да биде повредена обврска, да се определи мерка притвор, смета дека е спротивно на член 470, бидејќи Мијалков е обезбеден, се наоѓа во домашен притвор, и не постои можност да се даде во бегство.

– Мијалков може да биде во притвор најмногу 60 дена. Тој има решение за домашен притвор, а не можат да го однесат во ефективен притвор пред да му биде доставено ново решение, рече Шврговски.

Притоа не сакаше да ги коментира случувањата од изминатава недела во врска со неговиот клиент.

Основниот кривичен суд Скопје во случајот „Таргет-Тврдина” за масовното прислушување и уништување на опремата од УБК денеска изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни, односно вкупно 65  години за 11 лица.

На поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков Судот му изрече казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување”, „злоупотреба на службената положба и овластување” и „примање награда за противзаконито влијание”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот