Шведска има многу поблаги мерки, но и тие очекуваат криза која не е видена 100 години

Главниот аеродром во Стокхолм „Арланда“ обично во ова  време бележи 80 полетување или слетување на час, а на неговите терминали дневно поминуваа и до 75.000 луѓе. Меѓутоа, последниве денови аеродромските згради, паркинзи и писти се празни, има само неколку летови дневно и во воглавно во земјата.

Здравствената криза не е завршена, а пред вратите стои потенцијалната смртоносна економска криза

Иако јавната здравствена криза во Шведска сè уште не е завршена, на вратата има далеку посериозна и потенцијално дури и смртоносна економска криза, чиј обем е индикативен за пад на сообраќајот на аеродромот „Арланда“. Со оглед на нејзината производно и извозно ориентирана економија, Шведска има причина за загриженост, и покрај релативно солидните стапки на раст во последните години.

Иако шведските мерки за борбата против пандемијата од коронавирусот се многу поблаги за разлика од повеќето други европски земји, што остана на економијата повеќе време да се подготви за рецесијата, за време на месец март евидентирани се 36.800 отпуштања од работа, најмногу во индустријата на услуги и транспорт. Најголем пад на приходите досега бележат авиокомпаниите, хотелите и рестораните. Скандинавскиот авиопревозник „САС“ остана во март без 60 отсто патници во споредба со истиот месец минатата година. Затоа, околу 11.000 вработени се испратени на платен одмор, и 120 вработени беа отпуштени.

Директорот на САС: Со ваква ситуација никогаш порано не сме се соочиле

-Пред повеќе од еден месец почнавме да чувствуваме сериозни последици од пандемијата на коронавирусот. Сега сме во ситуација со каква што никогаш порано не сме се соочиле. За прв пат во историјата не нудиме меѓународни летови, туку летаме само на неколку дестинации во Норвешка и Шведска. Благодарни сме на Данска, Норвешка и Шведска за нивната поддршка во форма на кредитни позајмици, но ако оваа ситуација продолжи, тоа нема да биде доволно, вели директорот на авиокомпанијата „САС“, Рикард Густафсон.

„Волво“ секој ден губи милиони евра

Веќе неколку недели се затворени вратите на сите погони на „Волво“ во Шведска. Бидејќи добавувачите ја прекинаа доставата и дека синџирите на продажба запреа, Волво карс испратен на платено отсуство 25.000 вработени, а Волво AB околу 20.000 вработени. Тие се надеваат дека производството ќе се продолжи во мај, бидејќи секој ден сега значи губење на повеќе милиони евра, но засега е невозможно да се процени кога повторно од фабриката ќе излезат нови возила, а особено каде и кога истите ќе се продаваат.

Јан-Олоф Џeк, претседател на Шведската асоцијација на работодавци, предупредува дека претстои најтешка економска криза каква не се видела уште од пред 1930 години од минатиот век. Во најлошото сценарио во Шведска 30.000 компании ќе банкротираат, а новите 350.000 работоспособни луѓе ќе завршат на листите како невработени лица.

Раководителот на здружението на работодавци: Без брза реакција, благосостојбата на која сме навикнати ќе биде нарушена со години

-Ова е невидена ситуација и ако не реагираме брзо, стотици илјади работни места ќе исчезнат и државната благосостојба на која се навикнавме во Шведска ќе биде нарушена со години, изјави Јан-Олоф Џек за шведскиот весник Дагенс Нихер. Во весникот беа изнесени резултати од анкетата направена меѓу работодавците: повеќе од половина имаат проблеми со финансирање и ликвидност, 80 проценти се соочуваат со нарушувања во извозот, 40 проценти од компаниите веќе отпуштиле работници или наскоро ќе го сторат тоа, а 20 проценти од сите компании изгубиле повеќе од половина од своите приходи.

-Нашата проценка е дека пакетот мерки за спас на економијата треба да вреди околу 20 милијарди евра, или околу четири проценти од БДП. Тоа се многу пари, но сепак помалку отколку што би чинела пасивноста за време на кризата, објасни Џек.

Владата се обидува да ги спречи масовни отпуштања

На 16 март, владата донесе пакет мерки за економијата за време на пандемијата од коронавирусот во вредност од околу 30 милијарди евра, или околу една третина од државниот буџет за 2020 година. Поддршка за компаниите  првенствено се однесува на намалување на трошоците за работната сила и одложување на плаќањето на даноците и придонесите за плати дури и до 12 месеци. Главната цел на овие мерки е да се спречи масовно отпуштање од работа и да им се помогне на работодавачите да исплатат плати.

Централната шведска банка „Риксбанкен“ и излезе во пресрет на економијата, таа е најстарата таква институција во светот, која е основана во 1668 година. Во март, „Риксбанкен“ одлучи да ги стави на располагање бескаматните заеми на банкарскиот систем во износ од 50 милијарди евра, со цел шведската економија да има пристап до евтин капитал. Претседателот на Риксбанкен, Стефан Ингвес истакна дека неговата институција ќе стори сé што е потребно за да ја задржи економијата ликвидна и откри дека има простор за зголемување до 140 милијарди евра.

Интересно е што оваа понуда сè уште не го разбуди посебниот интерес на банкарскиот сектор, кој смета дека на пазарот има доволно ефтини кредити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот