Шведска и Шпанија ги заверија визите, Швајцарија на бод од ЕП

twitter/UEFA EURO 2020

Репрезентациите на Шпанија и Шведска со вечерашните победи го заверија пласманот на Европското првенство кое се игра идната година.
Шведска неочекувано лесто со 0:2 ја совлада Романија со головите на Берг и Квизон уште во првото полувреме.

Шпанија очекувано го торпедира аутсајдерот Малта со 7:0. За „фуријата“ стрелаа Мората, Казорла, Торес, Сарабија, Олмо, Морено и Навас.
На чекор до пласман на ЕП е и селекцијата на Швајцарија која со минимални 1:0 ја совлада Грузија.

Единствениот погодок беше дело на Итен во 77. минута. Швајцарците уште сега може да слават бидејќи во последното коло играат против аутсајдерот Гибралтар и им е потребен само еден бод за да ја заверат визата за ЕП.

Репрезентацијата на Италија ја забележа и деветтата победа во деветтиот натпревар во квалификациите. Последна жртва на „аѕурите“ е БиХ која е совладана со 0:3.

Резултати
Група Д
Данска – Гибралтар 6:0
Швајцарија – Грузија 1:0

Група Ф
Норвешка – Фарски Острови 4:0
Шпанија – Малта 7:0
Романија – Шведска 0:2

Група Ј
Финска – Лихтенштајн 3:0
Ерменија – Грција 0:1
БиХ – Италија 0:3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот