Шведска и Финска денеска се очекува да ги поднесат апликациите за членство во НАТО

Шведска - Финска - НАТО илустрација/ Фото Andre M. Chang / Zuma Press / Profimedia

Шведска и Финска се очекува денеска заеднички да ги поднесат своите апликации за членство во НАТО.

„Во Шведска и Финска се согласуваме да одиме рака под рака со целиот овој процес, а утре ќе поднесеме барања”, рече синоќа во Стокхолм шведската премиерка Магдалена Андерсон на прес-конференцијата со финскиот претседател Саули Ниинисто.

Финскиот Парламент со огромно мнозинство од повеќе од 95 отсто од гласовите вчера гласаше за влез во НАТО, дозволувајќи му на Хелсинки да испрати формална апликација за членство до седиштето на Алијансата.

Истиот ден шведската министерка за надворешни работи Ен Линде ја потпиша апликацијата на нејзината земја за членство во НАТО.

Финска и Шведска историски беа неутрални, но руската инвазија на Украина радикално го промени јавното мислење во двете држави за приклучување кон Северноатлантската алијанса. Со исклучок на Турција, останатите членки на НАТО ја поддржуваат кандидатурата на двете земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот