Швајцарија воведува 10-дневен карантин за патниците од Шпанија

Швајцарските здравствени власти одлучија патниците кои доаѓаат од  Шпанија, со исклучок на Балеарските и Канарските Остроци, да мора да бидат во карантин 10 дена, со цел да се сузбие ширењето на новиот коронавирус.

Шефот на кризниот менаџмент на сојузната Канцеларија за јавно здравје, Патрик Матис изјави дека мерката стапува во сила од сабота.

Во Швајцарија од почетокот на епидемијата со Ковид-19 инфицирани се 35.746 и 1.918 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот