Швајцарците и Велшаните во борба за второто место, Италија веќе во осминафиналето
Денеска се закажани првите два натпревари од третото коло во групната фаза на Европското првенство во фудбал, во групата „А“ од 18.00 часот Италија во Рим ќе игра против Велс, додека во истиот термин Швајцарија се соочува со Турција.
Доколку Швајцарците ја победат Турција, а Велс загуби во мечот со разиграната Италија, со подобра гол разлика, тие имаат шанса да бидат втори со четири бода и така се пласираат во елиминациската фаза на натпреварувањето.
Иако се „безбедни“, Италијанците ќе играат за да го добијат и мечот против Велс, а во случај на пораз би го зазеле второто место во групата. Во тој случај, Велс би избил на врвот на табелата во групата со седум бода.
Италијанците веќе во осминафиналето
Италијанските фудбалери со победата над Швајцарија обезбедија пласман во осминафиналето на Европското првенство во фудбал, кое се одржува во 11 европски градови.
Откако во првото коло ги совладаа Турците со 3:0, избраниците на Роберт Манчини ја совладаа Швајцарија со ист резултат на Олимпискиот стадион во Рим. Двоен стрелец беше Мануел Локатели кој го совлада швајцарскиот голман во 26. и 52. минута, додека третиот погодок беше дело на Чиро Имобиле.
Италија забележа две победи со по 3:0 во две кола и води во групата „Б“ пред Велс, кој има четири бода по победата над Турција. Швајцарците го заземаат третото место со еден бод, додека Турција е последна без бод.
ВИДЕО: Фантастичен натпревар во Минхен, Германија го растури европскиот шампион