ВИДЕО: Фантастичен натпревар во Минхен, Германија го растури европскиот шампион

Германците повторно на вистинскиот победнички пат кон Мундијалот 2022/Фото: EPA-EFE/HUGO DELGADO

Во дерби натпреварот на второто коло, во рамки на групата Ф, Германија со 4:2 ја совлада Португалија и направи голем исчекор кон пласман во осминафиналето.

Германските фудбалери доминираа на теренот во Арената во Минхен и беа сурови егзекутори, уште од првата минута тргнаа офанзивно со желба да постигнат гол. Веќе во петтата минута го направија тоа, но голот на Госенс беше поништен поради офсајд на Гнабри.

Казната ги стигна во 15 минута кога Португалија прв пат го помина центарот и постигна гол. Силва му даде одлична топка на Диого Жота кој пак го пронајде Роналдо на кого не му беше тешко да го совлада Ноер.

Во најголем дел од случаите, овој гол ќе беше доволен за Португалија да дојде до победата, но Германците одиграа фантастично во продолжението, продолжија со нападите и конечно во 35 минута постигнаа гол. Госенс одлично ја уфрли топката во петерецот на Патрисио, а топката во сопствената мрежа ја смести Рубен Дијаш. Само четири минути подоцна Германија направи пресврт, а повторно Португалците со дадоа автогол. Овој пат Гереро ја смести топката во сопствената мрежа.

На стартот од второто полувреме, во 51 минута, Госенс му асистираше на Хаверц кој зголеми на 3:1, а во 60 минута токму Госенс го искористи додавањето на Кимих да зголеми на 4:1.
По убедливото водство, Германците го намалија темпото, не беа толку агресивни пред голот на Португалија и тоа го искористи противникот преку Диого Жота да намали на 4:2, резултат кој се покажа како конечен.
Во последното трето коло, Германија ќе игра против Унгарија, додека во вториот натпревар ќе играат актуелниот европски против актуелниот светски шампион, Португалија против Франција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот