Швајцарски милијардер го купува Челси?!

Роман Абрамович бара купувач за Челси/ фото: EPA-EFE/ANTHONY ANEX

Хансјорг Вис открива дека му било понудено да го купи актуелниот европски шампион Челси, објави швајцарскиот весник „Блик“.

Швајцарскиот милијардер е заинтересиран да го презеде Челси, но нема намера да биде единствен сопственик, туку планира да учествува во купувањето како дел од конзорциум.

Роман Абрамович поради наметнатите санкции, протерувањето од Англија како и притисокот од јавноста и навивачитепо руската инвазија на Украина, се повлече од Челси и почна да бара нов купувач.

Англиските медиуми шпекулираат дека Абрамович ќе бара околу две милијарди фунти за Челси, а освен фудбалскиот клуб рускиот милијардер се обидува да го продаде и имотот во Англија откако владата го протера од земјата.

– Абрамович се обидува да ги продаде сите куќи во Англија, и исто така сака што побрзо да се „откачи“ од Челси. Јас и уште три лица во вторникот добивме понуда од Абрамович да го купиме Челси. Но, нема да брзаме со одлуката, ќе размислувам во наредните 4-5 дена бидејќи Абрамович бара премногу пари. Челси му должи две милијарди фунти, но клубот нема пари – изјави 86-годишниот Вис за весникот „Блик“.

По одлуката на владата на Обединетото Кралство да го протера од земјата, Роман Абрамович се повлече од Челси и го препушти управувањето на клупската фондација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот