Штрајкуваа пет минути на теренот, па примија два гола! (ВИДЕО)

twitter.com/RafaDato2

Мексиканскиот фудбалски клуб Веракруз не земал плата неколку месеци и одлучија да штрајкуваат во првите пет минути со тоа што ќе стојат на теренот.

Но, тоа скапо ги чинеше играчите на оваа екипа, бидејќи нивниот противник го искористи тој период и без проблеми реализираше два голови во мрежата на Веракруз.

Публиката на трибините не можеше да поверува во тоа што се случува на теренот. Во првата минута не сакаа да играат ниту гостите, екипата на Тигрес, па и тие стоеја.

Домаќините беа разочарани од односот на ривалот. Во Веракруз не очекувале дека Тигрес ќе им дава голови додека тие стоеја.

Верувале дека и гостите ќе се солидаризираат со нив и дека тие нема да играат. Но, не беше така. Тигрес на крајот победи со 3:1, а сите три гола ги постигна на почетокот, додека фудбалерите на Веракруз стоеја на терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот