Што се случува кога некој ќе се откаже од служење воен рок во Кина

Фото: EPA/HOW HWEE YOUNG

Со речиси два милиони луѓе во армијата на Кина, најверојатно е да се помисли дека приказната за едно лице кое не може да ги издржи исцрпувачкиот војнички живот нема да заврши во националните медиуми.

Но тоа не беше случај за Жанг Моуканг, универзитетскиот студен од јужната кинеска провинција Хаинан, пренесува Си-Ен-Ен.

Приказната објавена на англискиот сајт на кинеската Армија за народно ослободување (ПЛА) ја прецизира казната за Жанг, откако тој ѝ рекол на војската дека повеќе не сака да служи воен рок.

Тој се соочува со вкупно осум казни кои вклучуваат двегодишна забрана за патување во странство, патување во Кина со авиони, возови или автобуси, не смее да купува имот, да зема кредити или осигурување, да отвори бизнис и да се обиде да започне студии во колег или други видови на училишта.

Жанг, чија возраст не е позната, исто така нема да има дозвола да работи државна работа, ниту како привремен работник. Тоа ги влучува сите владини претпријатија во земјата каде поголемиот дел од индустријат е во државна сопственост.

Дополнително, тој ќе се соочи со казна од 4.000 долари, а ќе мора да плати ѝ плати обесштетување на армијата од 3.750 долари за трошоците додека бил војник, вклучувајќи ги и оние за „политичкиот преглед“, медицинскиот преглед, трошоците за патување и живот, како и за сместување и облека.

Жанг исто така ќе биде подлежен на јавно посрамување: неговото дело и казната ќе бидат објавени за јавноста преку соијалните мрежи, на телевизија и во весниците.

Како што пишуваат Си-Ен-Ен, во иматото имало нaд дваесетина слични случаи на војници кои се откажале од воениот рок, за потоа да бидат објавувани и јавно посрамувани, како и казнувани според кинеските закони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот