Што сакаше, побогу, да каже Мицкоски?!

Мицкоски му става „жежок компир“ во рацете на својот технички министер во МВР: наместо да се занимава со возниот парк во Министерството, да не треба г. Чулев да се занимава со истрага за бегството на Груевски од земјава? И така сериозни безбедносни кругови шпекулираат дека тој, наводно, бил последниот висок безбедносен службеник кој разговарал со Груевски пред нему да му се изгуби трагата накај Будимпешта.

Што ли може да значи изјавата на Мицкоски дека, ако дојде на власт, ќе каже кој му помогнал на Груевски да побегне од Македонија?!

Можно е таа изјава да е сосема импулсивна, непланирана, „истресена од ракав“, онака, импровизиран одговор на неочекувано прашање на кое, за да не изгледа дека нешто се крие, од устата излегла реченица колку да се пополни непријатната тишина што, инаку, веројатно би следувала…

Но, логично би било, ако не го знаете одговорот на таквото прашање, да не изигрувате непотребно „паметен“ – освен ако не патите од комплексот секогаш да изигрувате паметен! – оти, вака, проблемот од наивен, станува непланирано сериозен. На пример, надлежниот обвинител би можел да ве повика на разговор со логично барање да го дообјасните она што јавно сте го рекле за тековна кривична истрага што, колку што јас се разбирам, уште не е затворена… Па, ако од кај обвинителот излезете без одговор, дури тогаш ќе се најдете во глупава ситуација формално-правно да бидете означен како, се извинувам, лажго.

Прочитајте и...  Улогата на Хичкок во македонскиот криминал

А не е убаво, дури и за помалку важни работи, лидер на опозиција да лаже.

Добро, никој не е наивен да очекува дека некој обвинител ќе се охрабри да викне политичар на распит за јавно изговорени ставови во тековни истраги! Не во Македонија. Макар и за политичар кој тврди дека е „математички прецизен“ во сите свои искажани ставови.

Тоа, сепак, значи дека г. Мицкоски навистина го знае одговорот на поставеното прашање, иако, наизглед, несмасно го одговорил. Од тука би можело да следува следната компликација: од кога го знае г. Мицкоски одговорот на ова прашање? Пред да се случи бегството? За време на бегството? Три дена по бегството? Или го дознал пет минути пред да го даде овој одговор? … Внимавајте: одговорот на ОВА прашање може да има неочекувана правна тежина, бидејќи може да ве инкриминира на различни начини во кривично-правниот настан на бегството на Груевски од македонската правда. Во правна држава за тоа може да се добие обвинение за поттикнувач, сведок, соучесник, помагач и тн. во вршење на кривично дело. Тоа се сериозни правни импликации.

Прочитајте и...  Граѓаните да не паничат, не може секој што ќе кивне да се тестира за ковид-19

Политичките импликации се уште покомпликувани. Имено, Мицкоски не би „откинал“ ваков „елиптичен“ одговор на јасно поставено прашање, ако не може да му нанесе каква било штета на омразениот, архи-непријател Заев. Но, фактот што, сепак, се воздржува да го каже одговорот може да значи разни работи: дека, покрај „злосторникот Заев“, во бегството на Груевски се вмешани луѓе или други поединци, па и институции или служби, домашни и странски, чие јавно посочување (дури, не е важно ни дали се имаат докази за тоа!) може да му нанесат поголема штета на Мицкоски, отколку на Заев. Незгодно.

Од друга страна, како ќе се одрази откривањето на „вистината за бегството на Груевски“ врз деликатните односи на самата опозициона партија, врз нејзиниот превладувачки раководен состав, како и врз самиот Мицкоски? Да беше таа „вистина“ едноставна, а и доблесна, до сега Оној во Будимпешта сто фејсбук статуси самиот ќе напишеше… Немаше да чека Мицко да го прозива!

Прочитајте и...  Не, Судот во Стразбур не очекува од Бугарија да го признае македонското малцинство

На страна што, веројатно без да размисли за погоре опишаните последици, Мицкоски му става „жежок компир“ во рацете на својот технички министер во МВР: наместо да се занимава со возниот парк во Министерството, да не треба г. Чулев да се занимава со истрага за бегството на Груевски од земјава? И така сериозни безбедносни кругови шпекулираат дека тој, наводно, бил последниот висок безбедносен службеник кој разговарал со Груевски пред нему да му се изгуби трагата накај Будимпешта.

Тоа е проблемот кога претседателот на опозицијата си дозволува, политички аматерски и во рекла-казала стил, јавно да шпекулира на така сериозни теми: ако ми дадете власт, ќе ви кажам работи кои, ако не ми дадете власт, нема да ви ги кажам. За тоа ли служи власта?!

Или е целата оваа естрадна епизода, всушност, уште еден доказ за тоа дека навистина не се бираат средства за да се дојде на власт…

Поврзани вести

ФОТО+ВИДЕО: Тајната на костимот на Џеки Кенеди: Го носела дури 24 часа по атентатот на претседателот, а еве зошто е „под клуч“ до 2103-та година

Слободен печат

Во ноември ќе се знае колку сообраќајот влијае врз загадувањето во Скопје

Слободен печат

Ќе се бараат експерти и под дрво и под камен

Лука Андреев

Отворена прекршочна процедура против Кипар и Малта за продавање ЕУ пасоши

Илинка Иљоска

Граѓаните да не паничат, не може секој што ќе кивне да се тестира за ковид-19

Не, Судот во Стразбур не очекува од Бугарија да го признае македонското малцинство

Росен Босев

Остави Коментар