Што правеше Меси додека Суарез постигнуваше гол? (ВИДЕО)

фото:твитер

Барселона со победата на реванш осминафиналниот натпревар во Лигата на шампионите од 3:1 на „Камп Ноу“ против Наполи се пласираше во Топ 8.

Каталонскиот клуб имаше активен резултат од првиот меч (1:1), ја оправда фаворитската улога против италијанскиот клуб на нашиот Елиф Елмас и во четвртфиналето ќе ги одмери силите против Баерн Минхен.

фото: принтскрин/твитер

Во најновиот триумф во листата на стрелците од пенал се запиша и Луис Суарез, откако претходно Лионел Меси беше фаулиран во казнетиот простор од Калиду Кулибали.

Аргентинецот во дуелот се повреди, но информациите велат дека не станува збор за ништо сериозно, па така тој ќе биде подготвен за пресметката со баварскиот гигант.

Тој само клекна на работ на шеснаесетникот и мирно ја врзуваше копачката, а истовремено ја виде и реализацијата на Уругваецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот