Екипите од Манчестер фаворити во ЛШ и Лига Европа (ФОТО)
Светските обложувалници со големо внимание ги следи возбудувањата оваа сезона во фудбалската Лига на шампионите и Лига Европа.
Веќе познати се четвртфиналните двојки во двете натпреварувања, воедно и фаворитите за освојување на титулите, а тие доаѓаат од Англија.
Односно, фудбалските гиганти од Манчестер, Сити и Јунајтед моментно имаат најголеми шанси да се искачат на тронот гледајќи ги досегашните игри и резултати.
Според „Скај бет“, најголем фаворит за освојување на трофејот во ЛШ е Манчестер сити (9/4), следуваат Баерн, ПСЖ и Барса, додека Манчестер јунајтед се одвојува на врвот за ЛЕ (7/4) пред милански Интер, Севиља, Баер Леверкузен…
Четвртфинале, Лига на шампиони (21.00 часот)
Среда, 12 август АТАЛАНТА-ПСЖ (Стадион Да Луж, Лисабон)
Четврток, 13 август ЛАЈПЦИГ-АТЛЕТИКО МАДРИД (Стадион Жозе Алваладе, Лисабон)
Петок, 14 август БАРСЕЛОНА-БАЕРН МИНХЕН (Стадион Да Луж, Лисабон)
Сабота, 15 август МАНЧЕСТЕР СИТИ-ЛИОН (Стадион Жозе Алваладе, Лисабон)
Четвртфинале, Лига Европа (21.00 часот)
Понеделник, 10 август
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД-КОПЕНХАГЕН (Стадион Келн)
ИНТЕР-БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН (Дизелдорф Арена)
Вторник, 11 август (21.00 часот)
ШАХТЈОР ДОЊЕЦК-БАЗЕЛ (Арена АуфШалке)
ВУЛВЕРХЕМПТОН-СЕВИЉА (МСВ Арена)