ШТО МУ ЗГРЕШИ МЛАДАТА АКТИВИСТКА? Се закануваше дека ќе ја застрела Грета Тунберг, па го суспендираа од работа

Грета Тунберг/ Фото: Профимедиа

Професорот Мет Баиш во средното училиште Волтер Вест во сојузната американска држава Ајова е суспендиран од работното место поради несоодветен коментар на Фејсбук.

Откако локален магазин во Ајова објави вест на Фејсбук за претстојната посета на шведската климатска активистка Грета Тунберг (16) во Ајова Сити, и ги праша следачите кој е заинтересиран за нејзината посета, професорот на постот напиша дека „му недостасува снајперот“, што значи дека тој смета оти Швеѓанката треба да биде застрелана.

Фото: Фејсбук/Jen Klammer‎

Оттогаш, неговиот коментар и профилот на Фејсбук се избришани, иако неговата биографија остана на веб-страната на училиштето. Поголемиот дел од корисниците на социјалните мрежи рекоа дека неговото однесување е неприфатливо и дека професорот треба да даде отказ, но некои застанаа во негова одбрана, тврдејќи дека коментарот е саркастичен.

Училишната управа преку соопштение наведе дека е свесна за медиумското внимание кое го предизвикал коментарот на нивниот вработен.

– Поради природата на содржината на објавата, вработениот е суспендиран. Ја цениме вашата трпеливост и ви благодариме што го почитувате целиот процес – стои во соопштението на училиштето.

Полицијата во Ајова Сити планира да го засили обезбедувањето за време на посетата на Грета Тунберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот