Што ќе ни фали од намирници во 2022: Сланина и млечни производи се на „удар“

Млеко и сланина/unsplash/колаж
Млеко и сланина/unsplash/колаж

Да бидеме искрени, кога во 2020 видовме што се случува, можеби ни се чинеше дека сето тоа е една лоша шега. Додуша и 2021 по неа, како во низа делувааат навистина нестварно. Но, еве ги, поминаа, а во 2022 пак се соочуваме и со глобална криза, војна во Европа… Што е следно?

За жал, кога гледаме на основните потреби на човештвото, сфаќаме дека во 2022 ќе се соочиме со недостаток на одредени намирници, а многу од компаниите кои произведуваат суровина, ќе мораат да им кажат на своите потрошувачи да не бидат изненадени ако не можат да стигнат до одредена намирница.

Директорот на компанијата „Албетрсонс“ Вивек Санкаран, изјави во една пригода: „Никогаш не замислував дека на крајот на 2021 година ќе зброуваме за проблемот со ланецот на набавки, но тоа е реалност. Секој ден нешто ќе ви недостастува во продавниците, а и низ категориите производи“.

Што потенцијално ќе „фали“ во 2022?

Млечни производи

Меѓу главните проблеми кои се открија во однос на недостигот на намирници, предничат млекото и млечните производи. Но, тука не станува збор за недостаток на крави, туку потешкотија во ланецот на набавка и недостигот на работна сила. Пандемијата ги „затвори“ главните пазарни шанси, а многумина од работниците кои се витален дел во физичката обработка и продукција на млеко, се нестабилна категорија. Недостатокот од работна сила е речиси секаде.

Сланина и свинско

Уште не сме стигнале до тоа да снемува свинско, па и сланина, меѓутоа постои голема тенденција нештата да се сменат. Кога цените стигнуваат плафонски суми, тоа може да значи намалување на куповната моќ на љубителите на сланината. Проблемите се со почеток и крај. Зголемените цени на сточната храна значи и одгледувањето на свињи да стане поскап бизнис, а со тоа побарувачката на пазарот станува поголема, а продукцијата не може да постигне. И што добиваме? Помалку месо на рафтовите и во фрижидерите.

Работите во Велика Британија одат дотаму што Брегзит направи „крш“ во однос на работната сила што се занимава со транспорт и пренос на месо. Многумина вработени во месната индустрија биле приморани да убиваат здрави животни кои доколку не се однесени во кланица, ќе остарат и ќе бидат неупотребливо месо. Според „Sky News“, повеќе од 150 илјади грла животни ќе бидат уништени, што е голема болка за фармерите. Дури и коронавирусот има свој удел во ова. Многу од свињите доживеале PRRS, или „Porcine Reproductive and Respiratory Syndrom“, кој ги уништил речиси од 35% од здравите женски свињи и прасиња. Тоа не е за занемарување.

Крафт-пива

Сакате домашни, занаетчистки пива? Со нетрпение пробувате и сакате да си купите специјални шишиња за да си прославите некаков повод? Можеби ќе биде тешко да се набават во континуитет вашите омилени пива во текот на 2022 година. Проблемот е двоен: започнува со самиот јаглерод диоксид. Тоа е она што го прави пивото газирано. Според „Policic Home“, малите производители ќе имаат сè потешка задача да набават CO2. Големите компании имаат капацитети да го задржат јаглеродниот диоксиод што се испушта во текот на производниот процес и да го користат за карбонизација. Но, помалите работилници ја немаат таа можност и тоа може да доведе до недостиг на овие пива, кои најчесто се специјални, со различни вкусови и автентични за секој производител.

Повеќе сте за Кока-кола или Пепси?

Сосема е можно во текот на 2022 година да треба да ги промените вашите преференци за газиран пијалок. Кога Џејмс Квинси, извршен директор на Кока-Кола, зборуваше за „CNBC“ во октомври 2021 година, тој рече дека тие се прилично сигурни дека ќе има „спорадичен“ недостиг во наредната година.

„Мојата аналогија би била дека тоа е како удар од земјотрес. Сепак, ќе имате дополнителни шок бранови, но тие имаат тенденција да бидат со помала магнитуда“, изјави Квинси за „CNBC“.

Како и со другите прехранбени производи, Кока-Колата е погодена од големи проблеми со ланецот на снабдување, заедно со повисоките трошоци во позадина, како зголемените трошоци за гориво и недостигот на работна сила.

Лосос

Лососот е една од најпопуларните риби во светот, а околу 40% од светската понуда и снабдувачка на див лосос доаѓа од Алјаска. Сепак, вестите не се баш сјајни: според Блумберг, залихите на див лосос уште во 2020 година паднаа под нивото, нанесувајќи сериозна штета во снабдувањето со храна. Според Институтот за маркетинг на Алјаска, овие бројки се вратија во нормала година подоцна, но со големи варијации за иднината. Според Институтот за маркетинг на морска храна во Алјаска, тие бројки се вратија во нормала во 2021 година. Рибарите пак од терен велат дека нештата не се надежни.

„Не само што се намалуваат флотите, тие стануваат и помали по раст, поради глобалното затоплување. Тоа не е само теорија, тоа е реалност со секое мое патување и лов. Тука е. Се случува“ – вели еден од рибарите, Ерик Џордан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот