Што ќе биде со Рамос, капитенот на Реал мора брзо да одговори!

epa07240435 Gareth Bale (R) of Real Madrid celebrates with teammate Sergio Ramos scoring the 0-1 lead during the FIFA Club World Cup 2018 semifinal soccer match between Kashima Antlers and Real Madrid in Abu Dhabi, United Arab Emirates, 19 December 2018. EPA-EFE/MAHMOUD KHALED

Серхио Рамос сè уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид, а доколку не го направи тоа до крајот на март, дефанзивецот и дефинитивно ја игра последната сезона на „Сантјаго Бернабеу“.

Шпанската „Марка“ денеска открива дека Флорентино Перез ја оставил својата понуда на маса и на играчот му постави рок до крајот на март до кога ќе чека одговор од капитенот.

Изворот и натаму тврди дека Перез и Рамос ги подобрија односите, дека се подготвени повторно да соработуваат и дека потпишувањето на нов договор е поблиску од кога било.

Но, Перез не отстапува од својата понуда, а тоа е договор 1+1, и 10% помала плата, и сето тоа Рамос очигледно ќе мора да го прифати доколку има желба да остане во екипата. Наводно, следната недела ќе биде клучна, искусниот одбранбен фудбалер е свесен дека шефот не може да чека долго и кој веќе размислува за следната сезона.

Прв во низата да го замени Рамос е Давид Алаба, иако неговото доаѓање не е условено со престојот на Рамос, но планот е да се биде „џокер“ како лев бек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот