Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Фото: Profimedia

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„Irish Wish“ – филм на Нетфликс

Кога љубовта на нејзиниот живот се свршува со нејзината пријателка, Меди ги остава настрана чувствата да биде деверуша на нивната свадба во Ирска. Неколку дена пред свадбата, Меди спонтано посакува вистинска љубов…

Жанр: комедија / „IMDB“ оценка: 8.8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 93%

„Monk“ – серија на Нетфликс

Откако детективот не успеал да го реши случајот со убиството на неговата сопруга, тој страда од опсесивно компулсивно нарушување. И покрај тоа што добил отказ од работа, тој продолжува да ги решава случаите со својот поранешен шеф.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 8.1 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 89%

„A Beautiful Day in the Neighborhood“ – филм на Ејџ-би-о

Филмот се заснова врз вистинитата приказна за пријателството помеѓу новинарот Том Џуно и Фред Роџерс, домаќинот и создавачот на популарната детска телевизиска програма „Соседството на г. Роџерс“.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 7.2 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 95%

„Tokyo Vice“ – серија на Ејџ-би-о

Делумно инспирирана од сведоштвото од прва рака на Џејк Аделштајн, оваа крими-драма го следи младиот американски новинар додека тој се спушта во неонското подземје на Токио во 90-тите, каде што ништо и никој не е како што изгледа.
Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 88%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот