Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејџ-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„Players“ – филм на Нетфликс

Спортска писателка, која не е навикната на врски, неочекувано ќе се заљуби во една од нејзините цели. Тоа ќе ја натера да размисли да игра на теренот во корист на посветеноста.

Жанр: романса/комедија / „IMDB“ оценка: 5.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 50%

„The Gentlemen“ – серија на Нетфликс

Кога аристократскиот Еди го наследува семејниот имот, тој открива дека тоа е дом на огромна империја за марихуана, а нејзините сопственици не сакаат да си заминат.

Жанр: акција/комедија / „IMDB“ оценка: 8.4 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 69%

„Bad Education“ – филм на Ејџ-би-о

Началникот на училиштата во Рослин, Френк Тасоне и неговата помошничка Пем, работат заедно за да го стават округот на мапата. Меѓутоа, училишен репортер открива шема за проневера, која го загрозува нивното владеење.

Жанр: драма/комедија / „IMDB“ оценка: 7.1 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 94%

„The Other Two“ – серија на Ејџ-би-о

Кери, амбициозен актер, и неговата сестра Брук, се борат да најдат успех во нивните животи. Меѓутоа, работите стануваат полоши кога нивниот 13-годишен брат, Чејс, станува познат преку ноќ.

Жанр: комедија / „IMDB“ оценка: 7.8 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 97%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот