„Шпигел“: Навални е подобар, почна да зборува, а може и да се сети што се случи

Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Здравствената состојба на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се подобрува по наводното труење со нервниот агенс „Новичок” и тој повторно може да зборува, пишува денеска германскиот весник „Шпигел”.

Весникот наведува дека е засилена полициската заштита на Навални, бидејќи со подобрување на неговата состојба се очекува да има и повеќе посетители.

Според „Шпигел”, Навални повторно може да зборува, а најверојатно може да се сети и на тоа како му се слошило.

– Неговите изјави може да бидат опасни за луѓето кои стојат зад нападот”, предупредува „Шпигел”.

Навални, кој е во болница во Берлин, беше префрлен со авион во Германија откако минатиот месец му се слоши за време на авионски лет во Русија.

Навални бил отруен со воен агенс сличен на „новичок“

Германија тврди дека тој бил отруен со нервниот агенс „Новичок” и дека целта била негово убиство, додека Русија наведува дека нема докази дека Навални бил отруен. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот