Шпанскиот суд започна нова истрага против Шакира

Шакира / Фото: CRY-Olivier Huitel-Luis Sanchez. / The Photo One / Profimedia

Шпанскиот суд соошти денеска дека отворил нова истрага против колумбиската музичка ѕвезда Шакира, во врска со наводната даночна измама на приход и додадена вредност во 2018 година.

Судот во североисточниот град Есплугес де Љобрегат, во близина на Барселона, не даде други детали во изјавата, пренесе Ројтерс.

Се очекува на крајот на годината на познатата пејачка да ѝ се суди во друг случај што се однесува на 14,5 милиони евра заостанати даноци кои ги должи за периодот од 2012 до 2014 година.

Во тој случај, обвинителот бара затворска казна до осум години против 46-годишната ѕвезда чие целосно име е Шакира Изабел Мебарак.

Адвокатскиот тим на Шакира соопшти дека ќе даде коментар подоцна во текот на денот.

Инаку, државното обвинителство на Барселона пред две години ја обвини пејачката дека не платила вкупно 14,5 милиони евра данок во Шпанија во периодот од 2012 до 2014 година. Пејачката, пак, ги негираше овие обвиненија.

Шакира откри дека „никогаш не е задоволна од сопствените песни“

На Шакира сепак ќе ѝ се суди за затајување данок во Шпанија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот