Шпанија воведе општ карантин: Забрането е движењето за сите, освен за полицијата, лекарите и војската

За 24 часа регистрирани се нови 9.222 случаи на инфицирани лица.

Шпанската Влада денеска ги воведе најстрогите мерки од почетокот на епидемијата во земјата и воведе целосна забрана за движење. Со ваквата мерка не се опфатени само лекарите, полицијата и војската.

Во текот на изминатата ноќ како последица на корона вирусот починаа 849 лица, што е најголем број на смртни случаи за 24 часа.

Со тоа бројот на смртни случаи во земјата порасна на 8.189.

Во земјата во моментов регистрирани се 94.417 заразени лица. Пренесува Ројтерс.

За 24 часа регистрирани се нови 9.222 случаи на инфицирани лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот