Шпанија бележи дневен рекорд на новозаразени со ковид-19: Регистрирани 38.869 случаи

Фото: EPA-EFE/Alejandro García

Во последните 24 часа во Шпанија се потврдени 38.869 новозаразени лица, што е најголем дневен број на нови случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата.

Во извештајот на шпанското Министерство за здравство се наведува дека од почетокот на пандемијата, коронавирусот е потврден кај 2.176,089 милиони лица.

Бројот на починати пациенти од ковид-19 во последните 24 часа е 195, односно вкупно 52.878 од почетокот на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот