Шпанците премногу се опуштија за празниците, па коронавирусот повторно се прошири

Фото: EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

Шпанците премногу се опуштија за време на празниците, дружејќи се со роднините и пријателите, па коронавирусот повторно се прошири низ земјата, соопшти синоќа шпанското Министерство за здравство.

Бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во последните две недели се зголеми од 350 на 435 лица на 100.000 жители, а приемот во одделот за интензивна нега, каде пациентите се приклучени на респиратори, се зголемил од 24 на 26.

– Веројатно се забавувале повеќе отколку што е потребно. Сега мораме да го прифатиме она што следува, изјави шефот на здравствената служба Фернандо Симон.

Во текот на божиќните и новогодишните празници околу 47 милиони жители можеа слободно да ги посетуваат своите роднини низ Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот