Фото: Профимедиа

Шокантни обвинувања против Пласидо Доминго: Оперската икона поврзана со трговија со луѓе за секс

Пласидо Доминго, икона на светската оперска сцена, во моментот е во фокусот на јавноста бидејќи, како што тврдат обвинителите, е поврзан со аргентинска криминална група која се занимава со трговија со луѓе за секс. Полицијата минатата недела почнала да спроведува рации, во кои биле уапсени 19 луѓе.

Обвинителите тврдат дека познатиот шпански оперски пејач е дел од криминална група, откако повеќе телевизии објавија аудио снимки на кои се слуша гласот на Доминго како прави планови со другите членови на групата. Снимките се добиени со прислушување, а засега јавноста се уште не знае кога се снимени. Не се знае ниту контекстот во кој се направени снимките.

На нив може да се слушне како машки глас, за кој обвинителите тврдат дека е на оперскиот пејач, разговара со жена по име Менди, која е задолжена за договарање на сексуалните средби. Пласидо дури напоменува дека во собата ќе дојде одвоено од девојката со која треба да има сексуален однос, бидејќи неговите агенти се сместени на истиот кат од хотелот. На друга снимка се слуша како Менди бара од водачот на криминалните активности, Хуан Перковиц, да го прослави нејзиниот успех, односно договарање планови со човек кој го нарекува Пласидо.

Пласидо Доминго неколкупати беше во центарот на вниманието поради наводи за сексуална злоупотреба. Од 2019 година, дури 20 девојки излегоа во јавноста со тужби против пејачот. По обвинувањата, прочуениот пејач се раздели со Метрополитен опера и поднесе оставка како генерален директор на ЛА Опера во Калифорнија.

Уште 11 жени го обвинија Доминго за сексуална злоупотреба

Доминго поднесе оставка од Операта на Лос Анџелес

Откако повеќе жени го обвинија за сексуално вознемирување Пласидо Доминго по 51 година ја напушти Метрополитен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот