Доминго поднесе оставка од Операта на Лос Анџелес

По обвинувањата од дваесетина жени дека со децении сексуално ги вознемирувал, Пласидо Доминго пoднесе оставка од функцијата генерален директор на Операта на Лос Анџелес и се повлече од сите закажани настапи.

Неколку жени го обвинија Доминго дека ја користел моќта на Операта за да ги принуди на сексуални односи, а некои го обвинуваа за вознемирување, недолично сексуално однесување и дека во некои случаи ја користел својата позиција за да им наштети на кариерата.

„Операта во Лос Анџелес ми е многу мила и мојата работа таму ја сметам како една од моите најважни наследства“, рече 78-годишниот Доминго, кој помогна да се основа компанијата и да го стекне меѓународното реноме.

„Неодамнешните обвинувања против мене создадоа атмосфера во која е компромитирана мојата способност да ѝ служам на компанијата“, додава познатиот тенор во оставката, а вели и дека ќе продолжи да работи за да го „исчисти“ своето име.

Претходно и Операта Метрополитен во Њујорк по 51 година ја раскина соработката со прославениот тенор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот