ШОКАНТНА СНИМКА: Полицијата во Чиле консумира дрога пред да реагира на протестите? (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

На шокантна снимка можат да се видат униформирани полицајци во Чиле како консумираат дрога на улица, пред да реагираат на насилните протести кои го потресоа главниот град, пишува Дејли Меил.

Во видеото се гледаат три лица облечени во униформа за сузбивање на протести, собрани еден до друг, за потоа да се наведнат и да вдишат некаков вид на прав.

Снимката беше објавена на интернет минатиот викенд, но се уште не е верифицирана.

Точниот датум кога видеото е снимено е непознато и не се знае дали властите преземале некаква дисциплинска постапка.

Демонстрантите во Чиле синоќа повторно протестираа на улиците поради социјалните нееднаквости во земјата и покрај реформите што ги најави претседателот Себастијан Пинера.

Протестите започнаа поради зголемување на цените на билетите за метрото. Мерката беше укината, но тоа не ги смири демонстрантите. Претседателот Пинера најави реформи, вклучително и зголемување на пензиите и минималната плата, пониски цени на лековите и повисоки даноци за богатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот