Шок за шампионот, Сити поразен од „волците“ (ВИДЕО)

twitter/Wolves

Шампионот Манчестер Сити доживеа вистински шок во осмото коло од Премиер лигата, губејќи со 0:2 од Вулверхемптон и тоа пред своите гледачи. Ова е втор пораз за „граѓаните“ во осумте кола со што му дозволија на лидерот Ливерпул да им избега на осум бодови разлика во битката за титулата.

Фудбалерите на Сити имаа целосна контрола врз топката но не успеаја да пронајдат начин да го совладаат одличниот голман на гостите, Руи Патрисио, и казната ги стигна во 80. минута кога Адама Траоре го совлада Едерсон за водство на „волците“.
Во судиското продолжение Траоре го постигна и вториот гол со што ја запечати судбината на „граѓаните“.

За разлика од Сити, останатите фаворити дојдоа до триумфи. Арсенал со голот на Давид Луиз во деветтата минута минимално го совлада Борнмут, додека Челси како гостин го декласира Саутемптон со 1:4.  Голот за домашниот тим го постигна Ингс, додека Абрахам, Маунт, Канте и Бачуаи ги постигнаа головите за Челси кој од коло во коло игра се подобро под водство на менаџерот Френк Лампард.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот