Шкупи не и верува на Аџибадем Систина, фудбалерите ќе се тестираат во државна институција

fcshkupi.com

Екипата на Шкупи потврди дека одбила нивните фудбалери и членови на стручниот штав да се тестираат во приватната клиника Аџибадем Систина бидејќи не веруваат во релевантноста на резултатите и најавија дека своите тестови ќе ги извршат во Институтот за јавно здравје.

Соопштението на Шкупи ви го пренесуваме во целост:

Со оглед на состојбата во нашата земја, од ден на ден бројот на заболени од вирусот Ковид-19 се зголемува. Во овие моменти здравјето на фудбалерите и сите вработени во клубот го ставаме на прво место, парите не ни се потребни.

Потсетуваме, веќе неколку дена целиот тим е во карантин во просториите на нашиот клуб, додека пред и после секој тренинг ја мериме нивната телесна температура. Во исто време сите се храниме со наша храна од од ресторанот на ФК Шкупи. Значи, сè е под контрола.

Ние сме должни да ве известиме дека пред неколку недели направивме неколку тестови за Ковид-19, а фудбалерите се покажаа како негативни, Ние постојано сме во координација со Институтот за инфективни болести за секоја активност што треба да ја преземеме.

Ние како клуб не прифаќаме да ги правиме тестовите во болницата „Аџибадем Систина“, бидејќи тие не се релевантни, како за нас, така и за многу други институции. Во наредните денови ќе се тестираме во Државната болница на РМ, сам,о чекаме датум кога ќе ни дозволат да ги обавиме тестовите.

Затоа, ги демантираме сите новости објавени на порталите дека ФК Скопје одбива да направи тестовите за Ковид-19, бидејќи не прифативме истите да бидат направени во споменатата болница.

Уште еднаш ќе апелираме до сите граѓани на нашата земја, спортисти, навивачи, сите оние кои сакаат спорт, да имаат максимална грижа, да ги следат наредбите на здравствените и државните институции, бидејќи ситуацијата е навистина алармантна и мора да бидеме внимателни кон нашите семејства, сограѓани и нашето здравје.

Се надеваме дека оваа ситуација ќе се надмине што е можно побрзо и без загуба на човечки животи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот