Шкупи го купи за 2.500 евра, а сега одби понуда тешка 1.5 милион евра

Сандеј Адетунџи /Фото: instagram.com/fcshkupi1927/

Напаѓачот на македонскиот шампион Шкупи, Сандеј Адетунџи е вистинска сензација на трансфер пазарот за кого заинтересирани екипи нудат 1.5 милион евра.

Минатата сезона Адетунџи учествуваше со 20 гола и шест асистенции во освојувањето на шампионската титула со што го привлече вниманието на неколку заинтересирани екипи меѓу кои е и турскиот фудбалски гигант Фенербахче.

Турскиот тим три пати го испраќал поранешниот српски репрезентативец Матеја Кежман, кој сега работи како фудбалски агент, да ги следи игрите на Адетунџи, а во квалитетите на напаѓачот на Шкупи, на дело можеа да се уверат и луѓето на Фенербахче.

Адетунџи во пријателскиот натпревар против Фенербахче што се играше денеска и заврши 2:2, ги постигна двата гола за Шкупи.

Досега пристигнала понуда од неименуван хрватски тим кој понудил 1.5 милион евра за Адетунџи, но Шкупи ја одбил.

Македонскиот тим за неговата слобода платил само 2.500 евра на нигериски Риверс Јунајтед, а сега може да добие милионска отшетата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот