Шкендија не мирува со засилувања, доаѓа и екс младински репрезентавивец на Хрватска

Поранешниот член на младата репрезентација на Хрватска, Антонио Павиќ е најновото засилување на екипата на Шкендија.

Павиќ е 25-годишен фудбалер кој игра на левата бековска позиција кој има настапувано за екипите на Истра и Осијек во Хрватска, во словенечки Копер и за Железничар од Бих, од каде и пристигна во Шкендија.

Welcome Antonio Pavić ?⚫

Publiée par KF Shkëndija sur Dimanche 2 août 2020

Павиќ е четврто засилување за Шкендија во летниот преоден рок, претходно нови фудбалери на тетовските „црвено-црни“ станаа Албанецот Бруно Дита како и повратникот Егзон Бејтулаи и Љупчо Дориев од Академија Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот