Шишкарев: Бевме и на „минус три“, но публиката нè врати во најтешките моменти! – Слободен печат
РакометСпорт

Шишкарев: Бевме и на „минус три“, но публиката нè врати во најтешките моменти!

-Овој натпревар беше посебен за мене -беа зборовите на екс Вардарецот, а сега играч на Кјелце, Карачиќ.

Вардар ремизираше 28:28 пред одлична атмосфера на трибините на СЦ „Јане Сандански“ против полскиот Кјелце.

Своите импресии од вечерашниот натпревар ги споделија тренерот на Вардарци и десното крило Шишкарев.

Тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров:

-Честитки на Кјелце за добрата игра, видовме сè оваа вечер. Вардар покажа сè што можеше, неколку повредени клучни играчи немавме, но и покрај тоа благодарност до играчите кои го даваа максимумот и се обидуваа пред нашите верни навивачи да победиме.

Ракометарот на Вардар, Данил Шишкарев:

-Овие играчи дадоа сè од себе да победиме, Кјелце е секогаш тежок ривал, ова беше една борба на карактер.  Имавме тешко второ полувреме, паднавме на „минус три“, но благодарение на публиката успеавме да се вратиме во најтешките моменти. На крајот издржавме, имавме шанса за два бода,  но не успеавме. Ова е спорт, одиме напред и на теренот во Полска ќе се обидеме да извлечеме поволен резултат.

Игор Карачиќ, ракометар на Кјелце:

-Честитки на двете екипи на борбеноста, Кјелце беше тој што загуби бод. Изненади Вардар со играта „7 на 6“, уште пред мечот спремни бевме за Дисингер и Кристопанс, но тие не играа.  Изненади Вардар со две десни крила, со едноставно мали и брзи играчи во нападот. На крајот и нивниот голман Гедбан се покажа во добро светло. Овој меч беше посебен за мене, ова е едно ново искуство во дресот на Кјелце. Благодарност што на вака убав начин бев пречекан од навивачите. Се надевам дека ќе победиме во следното коло на наш терен против Вардар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close