ЛШ: Победата бегаше, па доаѓаше, и на крајот реми на Вардар со Кјелце

Македонскиот и европски шампион Вардар одигра нерешено во најновото коло од ЛШ против Кјелце со 28:28, иако имаше шанса да триумфира, но дури и да загуби.

Во првите пет минути од средбата одлично почна екипата на Вардар диктирајќи го резултатот минимално, во петтата минута беше 3:2, а после една загубена топка на ривалот, Дибиров казни веднаш во контра за првпат „плус два“.

Фантастична атмосфера на преполните трибини на СЦ „Јане Сандански“, сето тоа беше наградено со погодок на Шишкарев кој го постигна првенецот за во осмата минута да биде 6:3.

Се одржуваше разликата од три голови, скоро сите се запишуваа во листата на стрелците, на ред дојде и Чупиќ за 8:5 во 12 минута од средбата.

Кјелце правеше несфатливи брзоплети грешки во нападите, сигурна беше одбраната на Вардар, а уште поголем притисокот од трибините. Полјаците беа принудени да го побараат првиот тајмаут на дуелот при негатива од 10:5.

Следуваше пад во играта на европскиот шампион, а тоа го искористи гостинот со серија од 4:0 која ја прекина Стоилов за 11:9 во 20.  минута од средбата.

Уште пред самиот меч се најавуваше една тешка борба на теренот, после првото полувреме Вардар водеше само минимално со 17:16.

Изненадувачка беше тактиката на Кокшарев поставувајќи го Чупиќ (кој е класично десно крило) како десен бек како одлична замена за Кристопанс кој очигледно не беше сеуште опоравен од повредата, иако беше во составот . Хрватот многу лесно се пробиваше и повторно беше плус три на стартот од вториот дел на 19:16.

Но, повторно мечот влегуваше во резултатски егал, многу бргу се губеа топките од страна на Вардарци, тоа знаеше да го казни ривалот воглавно од контри и успеа повторно да поведе со 22:23 во 44 минута од средбата, публиката воедно негодуваше поради и неколку неразбирливи судиски грешки.

Намали Чупиќ на 23:25 во 49 минута, па му се придружи Скубе за намалување на 24:25, а радуваше изненадувачки осмата одбрана на Гедбан во текот на вториот дел.

Расположен Гедбан, но неколку напади Вардар не искористи за израмнување што претставуваше проблем на шест минути до крајот на средбата.

Во право време две минути доби Каралек, тоа беше конечно искористено за нерешено преку Сикошек Пелко.

Цела сала позитивно шокирана од Гедбан кој веќе собра 11 одбрани  и на нешто повеќе од две минути имаше Вардар шанса одново да води и тоа беше направено преку Скубе.

Во незгоден момент исклучување доби Калараш на 28:28, нов последен напад имаше македонскиот првак, но ударот на Скубе беше одбранет.

Во наредното осмо коло токму овие две екипи повторно ќе се сретнат на 16 ноември, но на теренот во Полска.

Лига на шампиони

Вардар-Кјелце 28:28 (17:16)

Вардар: Гедбан (11 одб., 2 сед.), Кугис (1 одб.), Кизиќ, Стоилов 4, Кукуловски, Димитриоски, Кристопанс, Сикошек Пелко 2, Дисингер, Атман 3, Скубе 7, Калараш 3, Чупиќ 6, Дибиров 2, Шишкарев 1, Горпишин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот