Шише Coca Cola од 150 000 долари

„Coca-Cola Bottling Company of Atlanta“ не можеше да се одлучи како треба да изгледа шишето од омилениот газиран пијалок ширум светот…

Поради оваа причина, тие во 1915 година од бројни стакларски куќи побарале да го дизајнираат и да го предадат својот предлог. На крајот, Ерл Р. Дин од Root Glass Company победил со својата креација. Подоцна, г-дин Рут, сопственик на наведената компанија, одлучил да ги усоврши димензиите на ова шише со цел да се вклопи во автоматите. Со неколку дополнителни промени, Американците можеле да уживаат во финалниот дизајн до април 1917 година.

Во текот на седумдесеттите години, голем број шишиња кои во таа прилика настанале се откриени во Бирмингем, заедно со бројни оштетени варијанти од 1916 година. Само две такви шишиња постојат во целиот свет. Дури сега започнува интересниот дел од приказната: едно од тие две шишиња во 2011 година било продадено за неверојатни 240.000 долари! Шишето кое сега може да се купи е проценето на 150.000 долари, но бидејќи ќе биде дадено на аукција со почетна цена од 50.000, тоа може да донесе многу повеќе профит.

Како што стои во описот на аукцијата: “Ова е последното шише од ваков вид за кое е познато и кое е совршено сочувано. Напредните колекционери напоменаа дека може да биде исклучително ретко и важно”. Експертите веруваат дека ова шише всушност е оригиналниот прототип, кој му претходел на финалниот дизајн, бидејќи ја содржи силуетата на градот. Ако сакате да го поседувате, бидете брзи, бидејќи имате уште неколку дена до крајот на аукцијата!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот