Шилегов на Фејсбук му даде поддршка на Венко Филипче

Фото: Слободен печат

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов повторно е активен на социјалните мрежи. Овој пат тој фејсбук статус му посвети на министерот за здравство, Венко Филипче.

„За Венко:

Имам можност лично да го знам тој човек. И среќен сум. Некогаш мислам дека не секогаш бевме (сме) фер кон него.

Замислете се почитувани, да на својот грб ја носите судбина на цела нација. И сите да ве гледаат само вас. Мислите ли дека е лесно ? Мислите ли дека му е лесно ? При тоа да сте свесни (а свесен е) дека на крајот сите во него ќе бараат виновник ?

Ве молам, слушајте го што збори. И почитувајте го тоа што Ви кажува. За да не мора сите да патиме. За да му олесниме. Додека го сакаме.

И нема тука политика. Има животи. Мој, негови, Ваши. На нацијата.

Голема почит, друже мој. Издржи. Ќе издржиме. Заради нас. Заради Македонија, стои во објавата на Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот