Шестиот пакет помина на Влада: 17,8 млн евра за 10.000 компании

Илустративна фотографија / Архива на Слободен печат

Шестиот економски пакет тежи 17,8 милиони евра и е  за 10.000 компании од 12 таргетирани дејности, соопшти вицепремиерот Фатмир Битиќи на прес конференцијата по усвојување на пакетот од страна на Владата.

На сите угостителски објекти ќе им бдат покриени 30 отсто од просечниот месечен приход и че има надомест по вработен од 15.200 денари. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 6.000 угостители и 17.000 вработени.

 За туристички агенции помошта е до 5.000 евра за оние со А лиценца, а до 2.000 евра за оние со Б лиценца.

Финансиска помош од 30.757 денари ќе добијат сите музичари и лиценцирани туристички водичи кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.

За компаниите кои ја реинвестирале добивката во 2019 година се наменети 2 милиони евра- мерка која ќе се спроведе преку Развојна банка, а ќе им помогне на компаниите за нивната ликвидност. И за медиумите кои емитуват радио и телевизиска програма има 1 милион евра преку Развојната банка.

За да се помогне туризмот пак, за странските туристи кои ќе прстојуваат во нашата земја обезбедени че бидат 50.000 бесплатни ПЦР тестови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот