Шестгодишно девојче меѓу жртвите во несреќата во Будимпешта

hajozas.hu

Според последните информации, шестгодишно девојче е една од седумте туристи од Јужна Кореја кои загинаа во судирот на два брода на Дунав во Будимпешта.

Ниту еден од 32 –та туристи на бродот не носеле елеци за спасување, соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи.

Официјални претставници во Сеул изјавиле дека досега се спасени седум туристи, а 19 се водат како исчезнати.

Некои светски медиуми јавија дека во моментов се трага по 21 лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот